Трамп ја отпушти Бонди, на ред е Хауард Лутник


  Претседателот Доналд Трамп изрази фрустрација и разочарување од секретарот за трговија Хауард Лутник и секретарката за труд Лори Чавез-Деремер – и размислува да направи дополнителни промени во својот кабинет. „Тој е многу лут и ќе преместува луѓе“, изјави за „Политико“ функционер на администрацијата запознаен со динамиката. На тој функционер и на уште три лица […]

Ленче Ристоска веќе не се бори со ветерници. Поднесе оставка како обвинител


  Новиот државен јавен обвинител може да биде задоволен. Ја однесе првата „победа“. Задоволна може да биде и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Едно од најпрепознатливите лица во македонското обвинителство и професионалец со многу висок углед, Ленче Ристоска, поднесе оставка на функцијата и го напушта обвинителството. Таа  беше дел од Специјалното јавно обвинителство. Тоа доаѓа само еден […]

Земјите на НАТО почнаа да се подготвуваат за повлекување на САД од Алијансата


  Доналд Трамп јавно објави во средата дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО. Според американскиот закон, тој не може да го стори тоа без одобрение од Конгресот. Сепак, постојаните напади на Трамп врз неговите сојузници, особено нивната неподготвеност да му помогнат во војната со Иран, ги убедија европските лидери дека се создава […]

Ризичен план командоси да запленат ураниум во Иран. Го побарал Трамп


  Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува исклучително ризична операција за испраќање специјални сили во Иран за да запленат речиси половина тон високо збогатен ураниум, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со планот. Според „Вашингтон пост“, планот му бил презентиран на Трамп минатата недела на негово барање и би вклучувал испраќање војници, […]

(Видео) Еуфорија во НАСА: Лансирањето помина совршено, четири астронаути тргнаа на историско патување околу Месечината


Со успешното лансирање на ракетата SLS што го носеше вселенскиот брод Орион и четири астронаути на патување околу Месечината, започна и мисијата Артемида II. Во НАСА владее еуфорија, бидејќи по години подготовки и проблеми, луѓето повторно се на пат кон Месечината. По одбројувањето што го следеше со големо внимание целиот свет, во четврток, 2 април, […]

Енергетската криза удира кај што е најтенко – поскапуваат лебот и белите печива


  Три до пет денари – за толку се зголемува цената на лебот – основниот прехрранбен производ за најголемиот дел од македонската популација, за која новите цени ќе претставуваат значаен удар за животниот стандард. Иако во номинален износ поскапувањето не делува многу, тоа сепак е околу десет отсто во однос на досегашните цени кои се […]

„Не попуштаме ни милиметар. Ќе чекаме со генерации за уставните измени“: Мицкоски се откажа од ЕУ


  Не зборува кондиционално, како што го оправдуваше претседателката. Туку тој навистина мисли на децении и генерации. Премиерот Христијан Мицкоски денеска излезе со најврд став досега во врска со уставните промени, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се помести ни милиметар за уставените измени ако нема гаранции: „Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа […]

Може ли Америка воопшто да го напушти НАТО?


  Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го отвори прашањето за повлекувањето на САД од НАТО, овој пат со многу посериозен тон отколку претходно, во услови на војна со Иран и зголемени тензии на Блискиот Исток. Во интервју за британски „Телеграф“, тој рече дека сериозно размислува за таков потег, нарекувајќи го НАТО „тигар од хартија“ и […]

Савески ќе ги повлече сите обвинителски овластувања, Ристоска ќе ги изгуби предметите „Талир“


Новиот државен јавен обвинител Ненад Севески денес на брифинг со новинарите најави дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства, меѓу кои се и тие на Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се […]

Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?


  Европската комисија денеска ги повика земјите-членки да се подготват навремено и координирано за да обезбедат безбедно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на гориво. Ова вклучување на алармот доаѓа откако  војната на Блискиот Исток трае веќе еден месец, без притоа да се гледа крајот на конфликтот […]

Хотлајн аудио снимки меѓу Сијарто и Лавров: Унгарскиот министер бил целосно на услуга на Кремљ


  Во аудио снимка објавена во медиумите Vsquare и „Инсајдер“, кои покриваат политички и економски работи во Централна Европа, рускиот и унгарскиот министер за надворешни работи разговараат дали некој треба да биде отстранет од листата на санкции на Европската унија. Сијарто преку Фејсбук призна дека тоа што се слуша на снимката е точно, но ги […]

Мицкоски како провладин актер во Будимпешта: „Виктор Орбан е бранител на Европа“


  Македонскиот премиер Христијан Мицкоски доби важен простор во провладините унгарски медиуми, каде неговата посета на Будимпешта беше претставена како дополнителна поддршка за премиерот Виктор Орбан пред неизвесните избори на 12 април. Провладините медиуми во Унгарија во основа се вистински владини, затоа што се преполни со екстремни пофалби за Орбан и екстремни критики за лидерот […]

Милатовиќ: Целта да станеме членка на ЕУ во 2028 е остварлива


  Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача денес дека неговата земја силно го поддржува европскиот пат на Македонија во ситуација кога за себе си зацртале амбициозна, но како што нагласи, остварлива цел – самите да станат членки на ЕУ до 2028 година. „Како земја предводничка во преговорите со ЕУ, Црна Гора силно го поддржува […]

Земјоделците на нова мака: Поништени повиците за набавка на трактори и механизација


  БИТОЛА – Десет месеци земјоделци кои аплицираа за набавка на трактори и приклучна механизација останаа во неизвесност и без одговор дали ќе успеат да се модернизираат. Последната потврдена вест од Платежната агенција е дека се поништени повиците за набавка на трактори и приклучна механизација од Програмата за рурален развој за 2025 година. Модернизацијата на […]

Советот на јавни обвинители не виде доказ дека премиерот вршел притисок врз Ленче Ристоска


  Сѐ е во рамките на вообичаеното. Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја загрозиле независноста на обвинителката Ленче Ристоска со тоа што постојано ја напаѓаат на прес-конференции или беше нарекувана медиокритет. Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички […]

Уништувањето на АВАКС од иранска ракета е непријатен удар за САД


  Уништувањето на авионот „Е-3 Сентри“ на американските воздухопловни сили во иранскиот напад врз воздухопловната база во Саудиска Арабија би можело да ги наруши способностите на САД да ги забележат дојдовните ирански закани од далечина, велат аналитичарите. Драматичните слики од уништениот авион, геолоцирани од Си-Ен-Ен, ја покажуваат неговата скршена опашка и неговата јасна ротирачка радарска […]

Третиот протест „Без кралеви“ привлече милиони луѓе ширум САД во отпор против Трамп


Големи толпи протестираа против администрацијата на Трамп на повеќе од 3.000 настани „Без кралеви“ низ целата земја, како и во повеќе од десетина други држави, во саботата, според коалицијата на организатори во која влегуваат „антиавторитарните“ групи Indivisible и 50501, синдикати и други локални организации, пренесува Гардијан. „Очекувам 28 март да биде најголемиот протест во американската историја“, […]

На видео-надзор откриено како е убиен охриѓанецот, за да му се земе имотот


Основното јавно обвинителство Охрид отвори истражна постапка против 53-годишен маж од тетовска Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка. Според обвинителството, делото било извршено на 25 март во домот на жртвата во Охрид, откако осомничениот сакал да го спречи Митрески да го раскине договорот склучен […]

Дончиќ: Она што ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота


   Лично мислам дека она што ви го правеа и што уште ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота. Тие работи треба да останат билатерални, да ги решава Македонија со Грција и со Бугарија, а не да постојат вета, некакви забрани за македонскиот пат во Европа, рече претседателот на хрватската […]

Филипче ги претстави новите политики: Крај на „предаторскиот капитализам“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја престави денес на брифинг новата програма на СДСМ што ќе биде ставена на јавна дебата, со намера до јуни да биде усвоена и официјализирана. Ако може да се извади една поента од неа, таа би била враќање на малку социјализам во, како што го нарече, „предаторскиот капитализам“ што […]