Затвор од 12 години доби Стојанче Јовановски за наведување на самоубиство на Ивана и Катја


Обвинетиот Стојанче Јовановски  е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет, меѓу кои и за наведување на самоубиство на Ивана и Катја. Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и […]

Плаќањата преку СЕПА станаа доминантни, заштедите за граѓаните и компаниите се големи


Од 7 октомври минатата година кога почнаа првите трансакции со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), па сѐ до сега, овој начин на плаќање и примање пари стана доминантен кај граѓаните и компаниите, а им донесе и значителни заштеди за платените провизии. Со влегувањето во СЕПА и на Србија, што се случи […]

Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставниот суд


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои […]

Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра


  Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека за две години владеење на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, држава се задолжила за нови 2,3 милијарди евра. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Филипче остро ја нападна Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека водат „дилетантска“ политика која ги осиромашува граѓаните, како и дека забрзува инфлацијата […]

Мицкоски најавува предвремени избори откако со месеци демантираше


  Премиерот Христијан Мицкоски денес навести не само реконструкција на Владата туку и предвремени парламентарни избори, најверојатно следната година. Додека одговараше на новинарски прашања околу изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче – дека Бугарија не го негира македонскиот идентитет – тој излезе со констатација дека „добрата вест е дека набрзо ќе има избори и […]

Во Кремљ се вовлече страв: Путин се плаши од атентат или државен удар


  Според сеопфатен извештај на европска разузнавачка агенција, чии детали беа ексклузивно објавени од Си-Ен-Ен, рускиот претседател Владимир Путин презел невидени чекори за зајакнување на својата лична безбедност. Она што го прави овој доверлив извештај особено алармантен е нивото на нарушување на приватноста дури и на најдоверливите соработници. Системи за надзор и прислушување наводно сега […]

Мицкоски очекува заострување на климата со Бугарија


  Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по панихидата за Гоце Делчев, изјави дека Македонија се соочува со, како што рече, оспорувања на идентитетот и историското наследство, вклучително и на ликот на Гоце Делчев. Тој нагласи дека македонскиот народ и државата и во 21. век се соочуваат со предизвици кои, според него, не би […]

Канада и Ерменија на чекор до сојузништво со ЕУ, Русија со „прстот во уста“


  Европските лидери се собраа во Ерменија на два невидени самити досега. Денес, повеќе од 30 европски лидери и премиерот на Канада, Марк Карни, ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница. Канада ќе стане првата неевропска земја што ќе присуствува на состанок на Европската политичка заедница кога премиерот Марк Карни ќе се придружи на […]

Три земји од ЕУ се бунтуваат против новите гранични контроли


Португалија  и Италија се следните популарни туристички дестинации за кои се очекува привремено да ги суспендираат контроверзните нови гранични контроли на ЕУ за да се избегне хаос за време на претстојните училишни распусти. Експертите за патување веруваат дека ова ќе ги поштеди британските туристи од маките предизвикани од хаотичното воведување на новиот систем, пишува Дејли […]

Каде сè се стационирани американски војници во Европа?


Соединетите Американски Држави повлекуваат 5.000 војници од сојузничката на НАТО Германија, објави Пентагон во петокот, по јавната расправија околу војната со Иран меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и канцеларот Фридрих Мерц. Ова е најконкретната најава досега за намалување на американското воено присуство во Европа и доаѓа по месеци поплаки од Вашингтон дека регионот не прави […]

Германски министер за повлекувањето на американските трупи: „Беше очекувано“


  Откако САД објавија повлекување на 5.000 американски војници од Германија, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги повика европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Германија е дом на најголемиот број американски воени бази во Европа, со околу 35.000 активни војници, и служи како клучен центар за обука, објавува Гардијан. Реакција на […]

Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит


По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит. Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија, се вели во соопштението од СДСМ во која се пренесува прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, а […]

(Галерија+видео) Работниците на протест зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“


Зад паролата „За плата се бориме – не се молиме“, денеска во 11 часот, на 1 Мај, Денот на трудот, застанаа илјадници работници, кои маршираат од Синдикалниот дом до Владата. Во фокус на нивните барања е зголемување на минималната плата на 600 евра, што според ССМ е неопходен минимум за достоинствен живот. Претседателот на ССМ, […]

Ќе ѝ се случи ли на Македонија судско цунами?


  Предупредувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека државата може да се соочи со пресуди од над милијарда евра од Стразбур, беше дочекана вчера во јавноста со неверување. На прв поглед, таа проценка личи на претерување, со оглед на тоа дека казните што вообичаено ги изрекува Судот за човекови права во Стразбур се до 10.000 евра, […]

Тајванската епизода во Собранието ги стави под мраз економските врски со Кина


  Мирче Јовановски, Љупчо Поповски  Една недела во ноември 2025 година и неколкудневна посета во јули 2024 година на Тајван по сѐ изгледа ги нарушија односите меѓу Македонија и Кина и ги вратија сеќавањата на милијардата на Васил Тупурковски од 1999. Овој пат односите меѓу Македонија и Кина не се прекинати, но изгледа дека се […]

Нов пад на слободата на медиумите во Македонија, втора година по ред


  Ситуацијата со медиумите и нивната слобода во Македонија очигледно се влошува. Втора година по ред, што некако се совпаѓа со доаѓањето на сегашната влада Македонија паѓа на скалата на Глобалниот индекс на слободата на медиумите на „Репортери без граници“. Во годинашниов извештај Македонија падна за три места и сега е на 45. Во ланскиот […]

Вајц меѓу реформата и естрадата: Од 71 реформски чекор Македонија остварила само шест, а се продава како „лидер“ во регионот


  Се прават ли или не реформи во Македонија, ја одразува ли реалноста интервјуто на Томас Вајц иако е дадено во март, а објавено пред три дена, има ли задна намера зад потегот на Еуроњуз Бугарија или пак станува збор за новинарски превид – се дилеми кои се отворија откако  македонските медиуми ги пренесоа оценките […]

Преврат во Техеран, најтврдокорните ги заменија радикалите


  Два месеци по почетокот на војната со САД и Израел, Иран повеќе нема ниту еден неоспорен свештенички арбитер на врвот на моќта – ненадеен прекин со минатото што може да го зацврсти ставот на Техеран додека размислува за обновени разговори со Вашингтон. Од своето создавање во 1979 година, Исламската Република се врти околу врховен […]

Планот на Трамп за Иран: Продолжува блокадата и нема бомбардирање


  Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рекол на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на американски официјални лица. На неодамнешните состаноци, Трамп одлучил да продолжи да врши притисок врз економијата и извозот на нафта на Иран со блокирање на превозот до и од […]

Висат парите од ЕУ за десет чекори од реформите, Изборниот закон е меѓу нив


  Владата работи на десет критични точки кои се обемни, а една од нив е реформата на Изборниот законик, истакна денеска министерот за европски прашања, Беким Сали. „Едно од специфичните точки е Изборниот законик, кој што бара поголем, поширок консензус. Не можеме тоа да го направиме преку ден само за да го исполниме тој чекор. […]