Стабилно и суво време до четврток
Утре во Македонија утринските температури ќе се движат од нула степени во Берово до осум во Охрид, Демир Капија и Гевгелија. Максималната температура ќе се движи во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје утринската температура ќе изнесува седум, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.