Рангелова доби замена: Ласовска ги води вмровските жени


Пратеничката Благица Ласовска е нов претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ја наследи Даниела Рангелова, која се повлече од функцијата по несогласувањата со лидерот Христијан Мицкоски и начинот на кој што партијата се однесуваше во врска со референдумот за договорот со Грција. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи за Секретар за меѓународна соработка да  го назначи Тимчо Муцунски.