Леброн трет на вечната листа на кошаркари со постигнати 30+ поени
Тој ноќеска на средбата со Индијана Пејсерс (104:96) реализира 38 поени, при тоа надополнети со седум асистенции и девет скока.
За Џејмс ова беше 436-ти натпревар со 30+ поени.
Во историјата на НБА лигата пред него во оваа статистичка категорија се само Вилт Чембрлен со 515 и Мајкл Џордан со 562 натпревара.